Е ова е ПАТРИОТИЗАМ! Фирма од Прилеп на државата и дава нано-технологија за ГАСНЕЊЕ ПОЖАРИ без профит

Фирма од Прилеп, покажува огромен патриотизам и и’ дава на државата високо софистицирани средства за гаснење пожар по производна, набавна цена без никаков профит, истакна вицепремиерот и министер за политички систем Љупчо Димовски во емисијата „За или против“ со Љупчо Цветановски. Се работи за нано-технологија и материјали кои предизвикуваат брзо гаснење на пожарите или пак, спречуваат/превенираат палење на високо запаливи и ризични материјали.

-Механизацијата која ја имаме сакаме да ја употребиме со една нова, би ја нарекол нано-технологија на вода, тоа се специјални средства кои за првпат ќе бидат употребени во било која земја од регионот, а се од домашно производство, од една општествено одговорна фирма од Прилеп, луѓе кои се големи патриоти и се ставија на располагање на државата со сето свое знаење и умеење и сите тие поризводи и ги даваат на државата за справување со огнот. Тоа прво ќе биде превентивно делување и заштита на објектите, потоа превентивно делување на шумските појаси, на крајот на шумските појаси и прскање со тие течности и смеси, тоа се посебни гелови, во самата шума или засејување, запрашување со помош на дронови на поголеми простори со овие материи, кои не се хемикалии – тоа се неоргански материи, еколошки здрави и спречуваат опожарување од каков било тип и на отворен и во затворен простор. Така што, ние дополнително ќе почнеме да го разработуваме системот со користење на вакви средства, за што уште еднаш сакам да им изразам благодарност на луѓето кои ни помогнаа.

-Тоа се функционални и мошне скапи средства, значи такви средства произведуваат и други држави, најблиската е Словенија, таму се многу, многу скапи овие средства, по многу висока цена, ние овде ги добиваме по производна цена, се работи за една голема количина, буквално дадена од срце, потенцира Димовски.

Споредбено со цената на истите во Словенија, македонските средства од оваа нано-водена технологија за гаснење и превенирање пожари се со околу 40 пати пониска цена за која Македонија ги добива од оваа патриотска, општествено одговорна фирма, посочи вицепремиерот Димовски во „За или против“ на ТВ Алфа.

На ист начин, презентирајќи висока свест и патриотизам, дузина македонски фирми учествуваа во модернизацијата на специјалните противпожарни теренски возила, благодарение на на кои државата не одвои никакви средства од буџетот, а доби 40-на специјални возила за битка со огнените стихии низ Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.