Душа малечка: Бисера здрава и жива ја напушти клиниката “Жан Митрев” и си замина дома (Видео)

Малата Бисера од Прилеп, јавноста ја запозна откако нејзините родители Александра и Оливер објавија неколку видео снимки од нивното девојче кое едвај диши, а со месеци лежеше во Детската клиника.

Родителите бараа детето да биде соодветно третирано, а потоа бараа и лекување во друга болница.

Под притисок на јавноста, Бисера ја напушти Детската клиника и беше згрижена во приватната клиника “Жан Митрев”.

Лекувањето таму чинеше многу пари кои семејството не можеше само да ги обезбеди, но тогаш се случи чудо. Голем број граѓани од Македонија и од странство донираа и за кратко време се собра сума која овозможи Бисера да биде третирана во клиниката на “Жан Митрев”.

Од клиниката денеска објавија видео на кое ја објаснуваат целата постапка на лечењето и го поопштија најважното дека малата Бисера заминува дома жива и здрава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.