Денеска сончево и топло време. Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, а максималните од 24 до 33 степени.
И во вториот ден од викендот ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.
Од понеделник под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време со дневна температура насекаде над 30 степени, а кон средината на неделата на повеќе места ќе биде над 35 степени.