ФК Големо Коњари сезонава ќе атакува на првото место во Третата лига – Југ.
Од клубот кој е раководен од претседателот Тони Даноски, информираат дека во преодниот рок се засилиле со дури 16 нови играчи.
Во клубот пристигнаа: голманот Стефан Аљакоски, играчот од одбраната Борче Сркески, во нападот Христијан Митрески, Иле Митрески, Јованче Сугарески, Благојче Ристески (од Победа), Ерџан Ибраими и Мустафа Сулејмани (од Ново Црнилиште), потоа Дарио Наумовски од Велешта кој одлично се снаоѓа на повеќе позиции на теренот, дефанзивниот за врска Михо Андреевски од Братство Житоше, како и напаѓачите Борче Макешоски, Илија Ристески (Росоман), универзалците Петар Симоноски, Роберт Димитријески (повратници од Хрватска) и Христијан Димески (Германија).
Клубот се раздели и со 10-тина свои досегашни играчи на кои им се заблагодари за досегашниот допринос.
Големо Коњари стартуваше со победа во Третата лига-Југ, а во провото коло тримфираше над ФК Бучин со 1:0.
Наредното коло е закажано за 11. септември, кога Големо Коњари ја пречекува екипата на ФК Марена.