Глобалната координаторка на непартиското движење „Ние сме Македонија“, Ана Дукоска, јавно го прашува охридскиот градоначалник Константин Георгиески дали и дивоизграденото минаре ќе биде уривано покрај другите дивоградби во градот – пренесува “Експрес.мк”.
Во хаштаг таа ја открива и причината поради која, според неа, тоа нема да се случи, а тоа се 4.000 гласа, колку што Дукоска смета дека за изборот на Георгиески обезбедил бизнисменот и советник од ДУИ, Нефи Усеини. Тој, пак, летово исто така се најде во центарот на вниманието на јавноста со дивоизградената натстрешница кај Чинарот.