Првата фестивалска вечер на 18-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп предизвика огромен интерес кај прилепчани, но и кај голем број посетители кои пристигнаа од останатите градови од Македонија.
Фестивалот во Прилеп се врати после две години, а според бројките кои ги споделија организаторите, синоќа имало околу 30.000 посетители.
На фестивалската сцена настапија повеќе домашни естрадни уметници меѓу кои: Љубојна, ДНК, Нино Величковски, Наум Петрески, Елена Петреска, Џамбо Агушев и оркестар и прилепската група “Балканика”.
Eве каква беше атмосферата синоќа во Прилеп: