Денес во Прилеп во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо Клубот „Бушидо“-Прилеп се одржа Државно Првенство во џудо. На ова првенство настапија околу 250 натпреварувачи од џудо клубовите на Р. Македонија. Борбите се одвиваа на 2 борилишта (џудо татами) и беспрекорна- одлична техничка организација која доликува за еден ваков настан. Првенството го отвори Генералниот Секретар на Џудо Федерацијата на Македонија г-ин Дејан Ширкоски, а подоцна на присутните им се обрати и градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески.
„Задоволство е да се отвори Државното првенство во џудо од сите клубови во Македонија, сите љубители на џудо спортот имаат убава прилика да ги гледаат вештините на сите овие млади луѓе кои што се вклучени во клубовите, им посакувам на најдобрите да победат, а на гостите добар престој во градот“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Според тренерот на џудо клуб „Бушидо“, Рубин Пеески, денеска имаше добра борба и сите учесници се покажаа многу добро“.
Државните првенства во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп ги проследија околу 700 љубители на спортот со преполни трибини.