Државен првак и рекордер од државата доби помош 38.000 денари, а само за карта до Кенија платил 90.000

Агенцијата за млади и спорт вчера го објави списокот со ваучери за 2021 година за клубовите и индивидуалните спортисти.

Со реакција се јави атлетичарот Дарио Ивановски, кој иако е државен првак во две дисциплини, од државата доби само 38.000 денари помош.

Зад успесите на Иваноски е освоена полумаратонска трка во Белград во 2017 година, полумаратон во Скопје 2018 година, четврто место на Балканско првенство во Истанбул, како и прво место минатиот месец на 1.500 метри во сала во Србија, каде постави нов државен рекорд за Македонија.

Дарио е разочаран од ваквиот третман и реагираше со статус на својот Фејсбук профил:

“Чекајте да размислам каде да одам да се подготвувам со овие пари…А ха. Во 2020 година картата од Кенија ме кошташе 90.000 денари. За да трчаш силно треба да тренираш на високо. Хм…

Па јас можам и тука бе… Зарем кога почнав да се занимавам со атлетика имав некои придонеси за да се подготвувам?! Ее па ќе трчам улични трки да собирам пари, за да можам да се подготвувам убаво да успеам во спортот.

Фотељата:

Дарио ти не си аматер да трчаш улични трки, треба да гледаш професионална атлетика само. Да точно е дека 2020 година не бев во најдобрата форма што ја очекувавте, па беше лесно да ме закопате.

Не збориме за материјално, туку само погледнете го знамете на мојата лева страна. Зарем не ви е срам да го газите знамето додека е на земјата ниско?!

Не знам за вас, но мене ме учеа да бидам борец до крај, па дури и противникот додека е на земја да го чекам да стане за да продолжам.

Јас имам одговорност да ја чувам мојата татковина како што ме советуваше дедо ми.

Гордо да стојам со главата горе и секогаш да го давам максимумот за неа. Но, сам е премногу тешко луѓе, освестете се, не мора за мене, ниту пак за минатото. Треба да ја оставиме за нашите следни генерации.

Еден ден верувам дека ќе дојдат не еден, уште десет “Дарио”. Што да им кажеме? Да се занимаваат со спорт, или да бегаат што можат подалеку од него?! – пишува Дарио на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.