Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз нареди денес, 23 ноември 2022 година, да биде празник за сите вработени во јавниот и приватниот сектор.
Сето ова по повод нивната неверојатна победа над Аргентина на Светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар, јави СПА, официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија.
Да потсетиме, фудбалерите на Саудиска Арабија ја шокираа Аргентина во 1.коло од групата Ц на Светското првенство во Катар. Азиската репрезентација победи со 2:1 и со тоа ја оствари најголемата победа во својата историја.