Древност и мистичност на секој чекор: Манастирот Св. Никола во с. Манастир прилепско е едно од најстарите светилишта (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Сместено на околу 40 километри од Прилеп, во прегратките на вечниот рај Мариово, блеска со својата убавина, историја и автентичност, манастирот посветен на Св. Никола во с. Манастир.

received_10207965642953341

Ова светилиште кое потекнува од најраниот византиски период, е значаен споменик на културата, кој изобилува со извонредни фрески, древна архитектура и духовност која одзема здив.

received_10207957228582987

Од вредните фрески се издвојуваат: “Св. Богородица со ангелите” и фреската на  “Св. Никола”, изработени во многу редок стил на сликање, кој е уште застапен само во црквата во Курбиново и во Св. Софија во Охрид.

received_10207965642593332

received_10207957229863019

received_10207965642473329

Манастирот датира од 11 век, или поточно од 1095 година. Притоа многу пати бил рушен и возобновуван, па така од написот на еден од црковните кораби се дознава дека сегашната црква е подигната во 1266 година.

received_10207957228462984

received_10207957228902995

Аршеолошките истражувања покажуваат дека во средниот век манастирот бил центар за целата област. Тоа го докажуваат многубројните пронајдени артефакти и коски на монаси откриени во дворот на манастирот.

received_10207957229463009

received_10207957229263004

received_10207957229303005

Куќите во селото иако оставени на работ на заборав, ги задржале својот украсен колорит и ја надополнуваат оваа божја сеприсутност.

Овој мал духовен рај е вистинска реткост во овие краеви, не само по долгата историја, туку и по мирот, тишината, раскошната природна убавина и жуборот на Црна Река, која го надополнува целиот живопис на единствено со Божја рака допрениот предел.

received_10207957228822993

received_10207965642873339

received_10207965643033343

Присуството на ова место ќе ви даде духовен мир, благодет на душата, ќе ви го врати спокојот и ќе ве обземе со прекрасните пејсажи.

Ова е едно од ретките места што одзема здив, место каде таинственоста и мистичноста, кои растеле низ вековите, создале еден бескраен бунар кој прелева од тајни и богатства.

Мариовската дивина е еден широк мозаик со неверојатни предели, а манастирот Св. Никола во с. Манастир е најсjaјниот дијамант, кој сеуште треба да се истражува.

received_10207965642233323

received_10207957228742991

Александар Георгиоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.