Црквата Св. Илија сместена во близина на преспанското село Грнчари е едно од најдревните светилишта во Македонија, но за жал малкумина го знаат тоа.
Селото Грнчари е сместено во областа Долна Преспа, или во југоисточниот дел на Ресенското Поле. Поточно селото се наоѓа на една од падините во подножјето на планината Баба, односно нејзиниот разгранок Вртешка, претежно поставено на левата страна на патот Макази-Маркова Нога (македонско-грчка граница).
Црквата Св. Илија е на само три километри оддалечена од селото Грнчари и до истата води асфалтиран пат.
Духовниот комплекс го сочинуваат црквата, чешма со света вода, фурна… и секако прекрасната природа која со целата своја раскошност е распространета и тука.
ВО овој небесен рај се наоѓа светилиште за кое се смета дека датира од 13 век, а тоа го поткрепуваат повеќето записи на старословенски јазик кои се забележуваат тука.
Можеби оттука сте поминале повеќе пати, но никогаш не сте свратиле да го видите ова неверојатно место.
Црквата Св. Илија во близина на Грнчари е едно од местата кое носи огромна историја во себе и е жив сведок од памтивек.
Ова посебно место ви го предлагаме за ваша викенд дестинација:
Уживајте!