ДРАМАТА СЕПАК ПРОДОЛЖУВА! Перез го возвраќа ударот – еве до каде е трансферот на Роналдо во Јуве

Изгледаше дека е готова работа, дури се споменуваше дека поради симболиката на датумот и бројот на неговиот дрес, Кристијано Роналдо би можел токму на 7-ми јули да биде промовиран за нов напаѓач на Јувентус, но работата ќе мора да почека. И понатаму во Мадрид и во Торино се убедени дека Португалецот ќе премине во Сериа А, меѓутоа, не под условите кои се споменуваа пред некој ден.

Причината е желбата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, Роналдо да го продаде за повеќе од 100 милиони евра. Таа сума се чини не ги задоволува апетитите на првиот човек на Реал, кој според информациите на торинскиот весник “La Stampa” ја подигнал цената за 50%. Сега бара 15 милиони евра, но наводно е подготвен да ја продаде својата најголема ѕвезда и за 130 милиони евра.

Наводно, во четвртокот вечерта, на состанокот помеѓу агентот на Роналдо Мендеш и првиот соработник на Флорентино, Хозе Анхел Санчез, агентот се обидел да го промени договорот кој важел до зимата, обештетувањето да се спушти од милијарда на 100 милиони евра.

Перез преку неговиот прв човек рекол дека таквото ветување важело до 15 јуни и дека сега Кристијано вреди 150 милиони евта. Ова одново не става сомнеж дека работата и понатаму може да се реализира, бидејќи Јуве, преку спонзорот ќе ги набави и тие пари и ќе ги пробие сите граници кога е во прашање финансиската политика.

Од друга страна, Дон Флорентино освен финансискиот има уште еден услов. Мадридскиот весник АС вели дека газдата на Реал не сака – барем не јавно – да испадне губитник во трансферот, поточно не е подготвен да претрпи уште еден пораз и силен удар во јавноста, после разделбата со Зидан и скандалот кој го предизвика со именувањето на новиот тренер Лопетеги, на два дена пред првиот меч на Шпанија во Русија.

Се чувствува неудобно поради сето тоа, па преку првиот негов соработник му соопштил на Роналдо дека ќе го запали зеленото светло за заминување, дури кога овој јавно ќе соопшти дека сака да го напушти Реал и дека тоа е негова желба. Перез на тој начин се обидува да “се испере себе си” и планира да го репризира случајот со Чави Алонсо од 2014 година.

“Реал не сакаше да ме продаде, туку јас побарав трансфер, а клубот само ја разбра мојата желба да ја променам средината”, рече пред 4 години Алонсо и за 9 милиони евра се пресели во Минхен.

Перез сака истите тие зборови да ги изговори и Роналдо, да побара трансефер пред него. Ќе биде тоа судир на две големи ега – ако воопшто до тоа дојде.

“Ако Кристијано потпише за Јувентус, може да остане колку што сака, затоа што ние немаме традиција да ги продаваме легендите”, истакна претседателот на Јуве, Андреа Ањели.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.