Драма во Прилеп – двајца браќа лишени од слобода

-На 10.02.2026 во 15:00 часот во с.Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишија од слобода Х.К.(34) од Прилеп.

При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека ги украл од живинарска фарма во с.Долнени, а кои претходно биле пријавени за украдени.

Подоцна, од слобода бил лишен и неговиот брат Б.К.(32) затоа што на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп застанал пред полициското возило, се обидел да го спречи транспортот до ОВР Прилеп и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.