ДРАМА ВО АРМИЈАТА: Исчезна голема бројка на оружје и муниција од складовите за вооружување

1-1

Од еден од складовите со вооружување и муниција во гарнизонот Белград исчезнале 70 полуавтоматски пиштоли ЦЗ-9.99 милиметри, пет автоматски пушки М-70 АБ2 7,62 милиметри и два сандука муниција со калибар 7,62 милиметри и девет милиметри, соопшти денеска српското Министерство за одбрана.

Како што наводува Танјуг, недостатокот во вооружување бил утврден при редовна контрола на состојбата на материјалните средства.

Министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на Војската на Србија по овој повод формирале комисија задолжена за утврдување на причините „за предизвикувањето на овој вонреден настан“, а министерот наредил и вонредна контрола на сите магацини со лично вооружување и опрема, се напоменува во соопштението на министерството.

Во истражните дејствија се вклучени Военобезбедносната агенција, Воената полиција и Обвинителството, се наведува од Министерството за одбрана и се додава дека за резултатите од истрагата јавноста благовремено ќе биде известена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.