Репрезентациите на Албанија и на Франција во неделата свечено го отворија супермодерниот стадион „Ер Албанија“, што ќе биде дом на албанската репрезентација.
Но, натпреварот веројатно нема да биде запамтен по поразот од 0:2 од гостинскиот тим, туку по симпатичната грешка која, сепак, не требаше да се случи.
Имено, прскалките за тревниикот биле поставени во погрешна насока, па наместо да го наводнуваат тревникот, тие на кратко ги „полеваа“ навивачите…
— Magazina Sportive (@KosovoMagazine) November 17, 2019