Денеска со почеток од 15.30 и 17.30 часот на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” љубителите на фудбалот од Прилеп ќе имаат можност да присуствуваат на двојна програма од Младинската Супер лига.
Во првиот меч ќе играат кадетите-генерација 2004-та на Победа и Њу Старс.
Во вториот дуел од 17.30 часот црвено-белите младинци-шампионите во Младинската лига за сезоната 2021/2022, ќе се претстават пред прилепската публика, која пак ќе има можност да ги запознае и поздрави членовите на оваа трофејна генерација.
Се очекува претставници на ФФМ пред почетокот на мечот на капитенот на Победа да му го врачи шампионскиот пехар.
ФК Победа со овој потег им оддава признание на нашите талентирани играчи да заиграат на главниот терен со надеж дека повеќемина од нив ќе го остварат својот сон и во иднина би го носеле сениорскиот дрес на ФК Победа.
Влезот за двојната програма Победа-Њу Старс ќе биде слободен.