Ребалансот на буџетот изгласан со 17 гласови „за“, против беа од СДСМ, а воздржани од Поинаку.
По ова советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата со заедничка фотографија, соопштија дека Советот го изгласа ребалансот, а координаторот на советничката група Бојан Бојкоски упати јавна благодарност до сите советници кои застанаа зад напредокот.
Велат дека следуваат конкретни инвестиции во образованието, спортот, урбаниот развој и квалитетот на живот во Битола.
Образование и спорт: Изградба на 3 типски спортски сали во: ОУ „Стив Наумов“, ОУ „Тодор Ангелевски“. ОУ „Даме Груев“ – подрачно училиште во Долно Оризари- Вредност: 144 милиони денари
Реконструкција и изградба на 9 училишни игралишта во: ОУ „Даме Груев“, ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Трифун Пановски“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Гоце Делчев“ , игралиштето во „турското“ училиште, ОУ „Коле Канински“ – Буковски ливади, ОУ „Тодор Ангелевски“ – Горно Оризари, ОУ „Тодор Ангелевски“ – Вредност: 112 милиони денари.
Реконструкција на игралиштата во: Населба Стрелиште, Брусничка населба– тениско игралиште -Вредност: 28 милиони денари
Изградба на 6 нови паркинзи во Овчи пазар, Ат пазар, Ул. Браќа Џаферови, Поранешна касарна , Кај Хеликоптерот, Кај Кифлата- Вредност: 30 милиони денари – Над 150 нови паркинг места
Реконструкција и пренамена на објект во Буковски ливади во училиште -Вредност 30 милиони денари.
Изградба на атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“ – Вредност: 77 милиони денари
Битола оди напред, инвестициите не смеат и нема да застанат, стои во објавата.
https://www.facebook.com/photo/?fbid=10233936714431257&set=a.1567351715492