На тревна површина во кругот на Инфективното одделение при КБ “Д-р Трифун Пановски” во Битола синоќа избувнал во кој горела сува трева.
-Примена била дојава во 23:40 часот за запалена трева кај модуларната болница – Битола ТППЕ Битола интервенираше со 1 возилo и 4 пожарникари. Пожарот е целосно изгаснат каде гореше сува трева и не постои опасност за резервоарот со О2, соопштија од Противпожарната служба од Битола.
На лице место беше и градоначалникот на општината:
-По добиената информација за опожарена тревна површина во кругот на Инфективното одделение при КБ “Д-р Трифун Пановски”, заедно со директорката Д-р Ненси Лозанче излеговме на терен каде ТППЕ Битола веќе интервенираше и ја локализира и угасна опожарената површина.
Со брзата интервенција на противпожарната единица и поддршка од обезбедувањето на болницата, спречено е ширење и опожарување на околните објекти и не е причинета матерјална штета – напиша Коњановски на ФБ.