Мајка на две ќерки моли за храна и облека за децата. Живеат во Крива Паланка во куќа која на се личи освен на дом. Нејзините две дeвојчиња никогаш во животот немале нова облека ,никогаш не биле доволно најадени , никогаш не биле среќни. Израснати во сиромаштија беда и глад – објави порталот “Досие.мк”.
Оваа мајка заборавила што значи да си сит и најаден. Таа е коска и кожа, седи гладна само децата да имаат да каснат.
Ги лаже дека не и се јаде, дека каснала кај соседите , а всушност седи прегладнета. Жената е млада, ама животот го зел данокот.
Збрчкана со искршени заби гладна со последни сили се бори за опстанок.
Девојчињата се на возраст од 14 и 15 години. Оние кои биле да им однесат малку помош раскажуваат дека во пакетот имало и нови патики.
“Ми се искина душата, детево на 14 години прв пат доби патики во кутија, нови, само за неа и душата се расплака”, раскажуваат хумани луѓе кои се подготвени да им помогнат.
ЦЕЛАТА СТОРИЈА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ТУКА