Донирајте за оние на кои најмногу им треба: Црковните храмови во Прилеп по 11-ти пат во хумана мисија

По повод патрониот празник на Прилеп, заштитникот на градот, Свети Никола, по 11-ти пат започна големата хуманитарнa акција во сите православни храмови во градот под Марковите Кули каде се поставени посебно означени црвени кутии, каде граѓаните можат да донираат средства за социјално загрозените семејства.

По тој повод се повикуваат сите граѓани кои имаат можност да донираат парични средства. Кутиите во црквите ќе бидат поставени до 30 декември, по што со собраните пари ќе бидат купени прехранбени производи и средства за лична хигиена кои ќе се донираат на оние кои имата најголема потреба за тоа.

За истата цел на самиот ден на празникот на Св. Николај Чудотворец од 08ч.до 14ч. ќе се продаваат црковни свеќи пред параклисот во центарот на градот и тие средствата ќе бидат наменети за социјално ранливите категории.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.