Детските градинки денеска добија донација од четири професионални фрижидери донирани од Германската амбасада. Градоначалникот Марјан Ристески и претставниците на Германската амбасада денеска ги промовираа новите фрижидери кои се по сите Хасап стандарди, економични и со висока функционалност.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека донацијата од ваков тип е од големо значење за градинките чии услуги ги користат повеќе од 1.000 дечиња и кои секојдневно се хранат со здрава и свежа храна.
Во знак на благодарност, децата од градинките гостите ги поздравија со мала свечена приредба.