Донесете ги дечињата во сабота во црква, ќе се чита Молебен за благословен почеток на школската година

Црковните храмови во Прилеп ги повикуваат учениците и нивните родители во сабота (30.08), да присуствуваат на молебен канон за благослов на новата училишна година.

Во црквата Св. Петка во Точила со почеток од 09:00 часот

Во црквата Св. Благовештение – Стара Црква со почеток од 07:30 часот

Во црквата Св. Кирил и Методиј – Параклис со почеток од 07:30 часот

Во молитва ќе Го замолиме Бога да им подари на сите ученици здравје, мудрост, трпение и љубов кон знаењето, а на нивните учители сила, разбирање и просветленост за да ја пренесуваат својата мисија со љубов и посветеност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.