Милионерот и бизнисмен Доналд Трамп во ноември ќе учествува во борбата за претседател на САД од редовите на Републиканската партија, откако и единствениот негов преостанат ривал за номинацијата од страна на Републиканците, Џон Кејсик, одлучи да се повлече од политичкиот натпревар.
Си-Ен-Ен соопшти дена тој се повлекува од трката, а се очекува попладне (околу 23 часот по македонско време) да даде изјава во која тоа и ќе го потврди.
Претходно Кејсик имаше најавено прес-конференција за денеска, но ја откажа и најави дека подоцна ќе даде изјава.
По големата победа на фаворитот Доналд Трамп вчера во Индијана, вториот во натпреварот, сенаторот од Тексас Тед Круз, се повлече од трката на републиканците. По Круз, се очекуваше и Кејсик, кој многу заостанува зад Трамп, да се повлече од трката.