Aмериканскиот претседател Доналд Tpaмп повторно на Твитер го критикуваше гувернерот на Џорџија Брајан Кемп и побара итна верификација на потписите на гласачите кои гласале по пошта во таа сојузна држава.
Tpaмп на својот Твитер профил напиша дека “ce’ можело да биде полесно” и гувернерот на Џорџија го нарече “будала”.
“Каква будала е гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп. Можеше да биде лесно, но сега мораме да ја завршиме работата на потешкиот начин. Барам од овој кловн веднаш да повика специјална седница и да започне верификација на потписите. Во спротивно 5ти јануати би можел да биде многу лош за двајца големи сенатори”, напиша Tpaмп без објаснување.
What a fool Governor @BrianKempGA of Georgia is. Could have been so easy, but now we have to do it the hard way. Demand this clown call a Special Session and open up signature verification, NOW. Otherwise, could be a bad day for two GREAT Senators on January 5th.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 14, 2020