Домаќините “МАТАДОР” и “БИМФOOД” ве канат на заедничка прослава на патронот Св. НИКОЛА

Компаниите „Матадор“ и „Бимфуд“, ги канат сите граѓани да бидат дел од централното одбележување на Градската слава и патрон празникот на Прилеп – Св. Никола.

Оваа година Прилеп одбележува 20 години од донесувањето на Одлука на Совет, со која Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, беше прогласен за заштитник на градот – јубилеј кој е причина плус во што поголем број да се собереме во центарот на градот и заеднички да се поклониме и помолиме на нашиот патрон.

Одбележувањето ќе започне во 08:00 часот со Свечена литургија во храмот „Св. Благовештение“.

Централното чествување продолжува во 12:00 часот пред параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот, каде ќе се изврши водоосветување и прережување на славскиот колач.

Веднаш потоа на плоштадот „Александрија“, ќе биде организирана традиционалната светиниколска посна трпеза, а празничниот амбиент ќе го збогати настапот на музичката група „Тајфата“ на Камената бина.

Повелете за Св. Никола во Прилеп! Нека е за многу години и напомош!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.