Стокхолм, петок, 22:30 часот навечер, на пат кон дома со комутативен воз до предградието Худинг, со вечера која се состои од обичен туна сендвич купен на станицата…очевидно уморна, но секогаш ведра и расположена…
(Фејсбук статус на Илија Аврамовски)
“Епа драги и почитувани дами и господа, на сликава е Г-ѓа Илва Јохансон, 56-годишна дама, сопруга и мајка на три возрасни деца, дипломиран математичар, дипломиран педагог, магистер на педагошки науки, долгогодишен гимназијалски професор по математика, долгогодишен социјал-демократски пратеник (од 1988) во шведскиот кралски парламент (Риксдаг), своевремен шведски министер за образование (1994-1998), па потоа и министер за социјална политика и згрижување (2004-2006), па потоа и министер за труд и политика на вработување (2014-2019) и конечно, сегашен и актуелен Европски комесар за внатрешни работи.
Ниту службен блиндиран Мерцедес со личен шофер, ниту баснословни патни трошоци, ниту пребогати коктели, ма ниту основно лично обезбедување…обичен, скромен и срдечен граѓаннин – секогаш претприемчив за другите луѓе и отворен за медиумите, но истовремено и искусен владин функционер кој секогаш за себе вели дека е “само уште еден обичен работник”… и најбитно од се’, верен и чесен слуга на својот сакан народ и родна татковина.
Ех бре момче клето Македонче и останата слична балканска проклетињо…мукла и зуцка да не сум ви чул за патриотизам и родољубие”.