Новиот македонски документарец „Шпион“, во реализација на продуцентската куќа Револушн од Скопје и режисерот Дејан Милошевски премиерно беше прикажан вчера на Ал Џезира Балкан.
„Приказната ги следи вистинските случувања во Македонија каде што полицијата уапси група од 20 тина поранешни и сегашни припадници на македонската тајна полиција. Таа т.н шпионска група се занимавала со собирање на информации за безбедносната ситуација во Македонија, за структурата на полициските и воените сили, разговори со странски политичари и странски безбедносни агенции во регионот“, се вели во најавата на телевизијата за документарецот „Шпион“.