Документарен филм за прилепскиот Крал Марко – благородникот кој не се сметал за српски крал и бил отфрлен од Србите и српската црква (ВИДЕО)

Крал Марко (околу 1335 – 17 мај 1395) — е последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија пред повеќевековната власт на турските султани.

Истовремено, тој е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само на Македонците, туку и пошироко.

Кралството на Марко било со средиште во Македонија, со Прилеп како главен град и затоа се смета за македонски крал.

Крал Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, а во усните преданија се спомнуваат и Марија, Угра, Кита, Ѕвезда, Дева, Вида, Угра, Шаина и Беда. Марко имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник.

Во продолжение слушнете се за неговото владеење:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.