Долгоочекуваниот и бомбастично најавуван Самит на Европската унија со земјите од Западен Балкан во Загреб, денес донесе “дупло голо” за сите од регионот, а посебно за Македонија, пренесува Инфомакс.
Во Декларацијата од главниот хрватски град, НИКАДЕ не е споменато проширувањето, со што јасно е ставено до знаење дека овој процес е mpтoв за официјален Брисел, додека неодамнешното доделување на преговори (а, без датум!?) за Македонија и Албанија, всушност била пеперутка за плебсот во овие држави да го загуби вниманието од kopyпциско-kpиминално-клептоkpaтските потези на властите во Скопје и во Тирана.
Во 20-те точки од Декларацијата на Самитот “ЕУ – Западен Балкан”, исто така за првпат е обелоденето дека пред Македонија е исправена нова рампа, овојпат од бугарски происход, па како што во минатото се бараше промена на име во преговори со Грција, сега ЕУ бара предавање на целокупната средновековна и нова македонска историја (до 1945 г.), но и на макефонскиот јазик на турко-монголското доселено племе во државата Бугарија.
Исто така, во Декларацијата може да се забележи дека Македонија не е повеќе ниту Македонија, ниту “БЈРМ”, ниту “Северна” за ЕУ, туку непостоечки летечки објект кој треба да ги заокружи Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија!
Сето ова најдобро може да се види во заокружениот Деветти параграф на Декларацијата, кој преведено гласи:
9. ЕУ целосно ги поддржува заложбите на партнерите од Западниот Балкан за вклучување во регионалната соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите-членки на ЕУ. Спроведувањето на билатералните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и на Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, остануваат важни во овој поглед. Потребно е посветување и понатамошни и одлучувачки напори за помирување и регионална стабилност, како и пронаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови на партнерите и ПРАШАЊАТА ШТО ВЛЕЧАТ КОРЕНИ ВО НАСЛЕДСТВОТО ОД МИНАТОТО, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи…
На здравје европска перспектива на народот коса црта (////) што доаѓа од непостоечка држава, кој има грчко-бугарска историја и албанска сегашност и иднина, и кој гобори на западен дијалект на бугарскиот јазик.
Проектот за исчезнување на македонската држава и нација е пред заокружување по заслуга на квинслишката власт во Македонија, пишува на Фејсбук новинарот Бобан Нонковиќ.