Докторка од Италија која го лекувала младиот Симон Крстев, повреден во пожарот во Кочани, дојде во Штип да го посети (ФОТО)

Нови пријателства изградени во тешки моменти, напиша на социјалните мрежи директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Младиот Симон Крстев од Штип е еден од повредените во трагедијата во Кочани. На 18 март, во соработка со Цивилната заштита на Италија, пренесен е во Италија, во Педијатриската клиника на Универзитетската болница на Падова. Примен е со „хемиска пневмонија“ и изгореници од втор степен. Симон добива сеопфатен третман и веќе на 1 април се враќа дома. Испратен е од персоналот на целиот одел и тогаш родителите на Симон ја покануваат Проф. Сузана Езпосито (Susanna Esposito), директорка на клиниката, да ги посети во Штип. Денеска Проф. Сузана Езпосито го посети Симон во Штип. Симон не само што е лекуван во Парма, туку ја добил сета емотивна поддршка во тие тешки моменти. Поддршка толку силна да ја донесе Проф. Сузана Езпосито во Штип. И се заблогодарив на Проф. Сузана Езпосито за се што е направено за Симон и порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија, пишува Клековски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.