Иницијативата “За заедничка Македонија”, најавува нови масовни протести низ целата држава за вечерва.
Прилеп, каде револтот кон платформата од Тирана е секоја вечер се помасовен и пожесток, повторно ќе биде на браникот на одбрана на државата.
Вечерва прилепчани ќе бидат предводени од здравствените работници и докторите, кои ќе застанат рамо до рамо со своите сограѓани.
Маршот “За заедничка Македонија” во Прилеп започнува во 19 часот пред хотел “Липа”.