Доколку се доселите во ова место ќе добивате 700 евра месечно: Постојат само два услови кои треба да ги исполнувате

Секој кој ќе се досели во регионот Молизе во јужна Италија ќе добива три години месечна помош од 700 евра. Постојат неколку услови. Местото во кое луѓето ќе пристигнат мора да има помалку од 2.000 жители, а оние кои ќе се доселат да започнат некаква работа.

“Доколку понудиме парична помош тоа би изгледало како милостина. Сакавме да направиме повеќе. Сакаме да инвестираме во луѓето. Може да започнат некаква работа- пекара, продавница, ресторан, било што. Ова е начин да му дадеме живот на местата и да ја зголемиме популацијата”, истакна Донато Тома, претседател Молизе.

Тој најави дека секое градче кое има помалку од 2.000 жители ќе добива по 10.000 евра месечно со кои би ги промовирале културните содржини.

“Овде не се работи за за зголемување на популацијата. На луѓето им е потребна инфраструктура и причина да останат, во спротивно се ќе биде залудно и за неколку години ќе се вратиме на почеток”, вели Тома.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.