Доколку одите на одмор во Црна Гора носете повеќе пари за лежалки или подгответе се за жестока “борба”

Иако закупците на плажи треба да оставаат 50 проценти од плажата да биде слободен простор, ретко кој го почитува ова правило.

И оваа како и претходните години е иста, па иако сезоната тукушто започна, голем број на луѓе на црногорското приморје се пожалија, бидејќи закупците ги узурпирале плажите.

На овој начин плажите стануваат недостапни за луѓето, па тие се приморани или да му платат на закупците или да го напуштат местото, пренесува ЦДМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.