Дознајте кој е најтешкиот, најлесниот, најнискиот, а кој е највискоит играч на СП во Русија

Денеска беше крајниот рок за објавување на конечните состави на репрезентациите кои ќе играат на Светското првенство во Русија, познати се сите играчи кои ќе бидат дел од Мундијалот, па можат да се извадат и некои занимливи статистики.

Кој е најтешкиот играч?

Тоа е Роман Торес од Панама кој тежи 99 кила. Тој е дефанзивец на Сиетл Сандерс и е херој на својата селекција за која постигна гол во финишот од мечот против Коста Рика и ја однесе селекцијата на Светското првенство.

1. Роман Торес (Панама) 99кг

2. Алмуаиоф Абдулах (Саудиска Арабија), Јаник Вестегард (Данска), Хари Магуир, Хари Кејн (Англија) 98кг

3. Шинвок Ким (Јужна Кореја) 97кг

Кој е најлесниот?

Тоа е јапонскиот фудбалер Такаши Инуи кој тежи само 59 килограми. Игра на позицијата офанзивен играч за врска и неодамна потпиша за Бетис од Еибар.

1. Такаши Инуи (Јапонија) 59кг

2. Џеси Лингард (Англија) 60кг

3. Жоао Мутињо (Португалија), Ал Бреик Мухамед (Саудиска Арабија), Наитан Нандез, Лукас Тореира (Уругвај), Дрес Мертенс (Белгија) 61кг

Кој е највисокиот?

Највисокиот играч на Светското првенство е голманот на Хрватска, Ловре Калиниќ кој е висок два метри и еден сантиметар.

1. Ловре Калиниќ (Хрватска) 201цм

2. Јаник Вестегард (Данска) 200цм

3. Федерико Фазио (Аргентина), Тибо Куртоа (Белгија) 199цм

Кој е најнискиот?

Дури тројца се најниски, меѓу нив најпознат е Џердан Шакири од Швајцарија, а тука се и Алберто Кинтеро од Панама и Ал Шери Јахиа од Саудиска Арабија, сите имаат по 165 сантиметри.

1. Алберто Кинтеро (Панама), Ал Шехри Јаија (Саудиска Арабија), Џердан Шакири (Швајцарија) 165цм

2. Хавиер Акино (Мексико) 166цм

3. Мануел Ланцини, Едуардо Салвио (Аргентина), Андрес Гуардадо (Мексико), Мбарк Бософа (Мароко) 167цм

Кој е најстариот?

Највозрасниот играч на Светското првенство ќе дојде од Египет, се работи за нивниот голман Есам Ел Хадари кој има 45 години.

1. Есам Ел Хадари (Египет) 45 години, 4 месеци

2. Рафаел Маркез (Мексико) 39 години, 3 месеци

3. Серги Игнашевиќ (Русија) 38 години, 10 месеци

Кој е најмладиот?

Најмладиот играч на првенството е фудбалерот од средниот ред на Австралија, Даниел Арзани кој има 19 години и пет месеци, исто колку и Мбапе кој е постар од него само 15 дена.

1. Даниел Арзани (Австралија) 19 години, 5 месеци

2. Килијан Мбапе (Франција) 19 години, 5 месеци

3. Франциз Узохо (Нигерија) 19 години, 7 месеци




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.