Дождот нема да престане: Промена дури во петок

Во земјава и денеска ќе биде променливо и облачно, а во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15 степени, а дневната температура ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во Скокпје ќе биде променливо облачно од претпладне со локален дежд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната температура ќе достигне до 22 степени.

Во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот па ќе се задржи променливо, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град. Од петок се очекува постабилно и значително потопло време.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.