Времето денеска претпладне од запад ќе се прошири облачност. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има повремен дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повапдарието и во кpајните западни делови.
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, на места пообилни со услови за појава на грмежи и силен ветер, со што се препорачува граѓаните да не се движат во шума и под дрва.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој ќе засилува долж Повардарието.
Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер.
Слично време не очекува и во понеделник.
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.