Доделени нови 60 решенија за легализирање на дивоградби во Прилеп

_MG_9104

Денеска во просториите на локалната самоуправа беа доделени нови 60-тина решенија за легализација на дивоизградените објекти. Инаку Прилеп е лидер во Македонија во легализирање на дивоградбите. До овој момент легализирани се околу 9.000 објекти од овој тип. Опфатени се барањата на граѓаните поднесени во 2011 година како и дел од барањата кои се однесуваат на 2016 година од продолжениот рок. Во 2011 година беа поднесени 15.367 барања за легализација, а во 2016 година 3.077 барања.

_MG_9108

„Ова е еден од најубавите закони што било која Влада ги има донесено, затоа што се исправа една голема неправда, тука има луѓе кои после децении конечно ги легализираат своите објекти. Прилеп е лидер во Македонија во спроведувањето на ова законско решение за легализирање на дивоградбите. Службите на локалната самоуправа заедно со приватните и државниот катастар ќе продолжат да работат и во иднина со истиот континуитет во интерес на граѓаните. Ги повикаувам сите граѓани побрзо да ги средуваат потребните документи, за да ние можеме побрзо им го издадеме решението за легализација“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_9114

Опфатени се барањата на граѓаните поднесени во 2011 година како и дел од барањата кои се однесуваат на 2016 година од продолжениот рок. Во 2011 година беа поднесени 15.367 барања, а во 2016 година 3.077 барања.

_MG_9133

Над 60% беше реализацијата на проектот во 2016 година кога во декември истече крајниот рок за поднесување на елаборатите за барањата поднесени во 2011 година, како едни од најглавните документи за решавањето на овие предмети. Краен рок пак за поднесувањето на елаборатите за барањата поднесени во 2016 година е крајот на 2017 година.

_MG_9138

До крајот на законскиот рок се очекува реализацијата на проектот да биде околу 80 % и да бидат решени околу 14.800 барања на граѓаните. Успешната реализација на овој проект се должи пред се на добрата организација на секторот за урбанизам во Општина Прилеп и брзата изработка на елаборатите од страна на приватните катастри.

_MG_9150




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.