Државна лотарија го додели вториот автомобил од инстант лозот 7х7, а го изгреба Константина Трпкоска од Прилеп, откако првиот лоз на кој добила 80денари го заменила за нов.
Тимот на Државна лотарија се сретна со добитничката пред автосалонот „Гранд ауто“ во Скопје, а Константина, заедно со нејзиното семејство ни ја раскажа среќната приказна.
Имено, Константина, при прошетка во Прилеп со нејзините две дечиња купила еден инстант лоз 7х7 да ја проба среќата. Тој лоз и донел добивка од 80 денари кои одлучила да ги замени со нов инстант лоз. Токму замената ги криела 3-те симболи на HYUNDAI Bayon.
Откако ја потврдиле добивката во „Сити Тобако“ и во Државна лотарија, Константина, возбудена, веднаш се јавила кај нејзиниот сопруг за да ја сподели радоста.
Инаку, семејство Трпкоски за себе велат дека редовно ја предизвикуваат среќата со игрите на среќа на Државна лотарија, а на останатите кои посакуваат ваков автомобил, среќната добитничка ги посоветува да играат редовно, затоа што никој не знае каде е среќата – напишаа од Државна лотарија.