Доделени 288 награди со „Двеодоливата Чоко Стоби Флипс“ наградна игра на ,,Витаминка”

„Двеодоливата Чоко Стоби Флипс“ наградна игра го заокружи првиот месец на извлекувања со 288 извлечени добитници. Веќе е доделена првата месечна награда – веспа Aprilia SR 50, која отиде во рацете на Филип од Кичево. Извлечени се и трите iPhone 8 телефони, како и првите 2 електрични велосипеди и првиот лаптоп. Дополнително се извлечени и добитниците на неколку фотоапарати Instax Mini 9, Samsung таблети, дронови, Sony слушалки и многу други награди како маици, крпи за плажа, пакет производи, карти за Cineplexx. Среќните добитници се од повеќе градови низ државата, меѓу кои Скопје, Прилеп, Битола, Охрид, Куманово, Тетово.

Наградната игра продолжува уште 4 недели до 19.05.2019 година, 23:59 часот, а веќе започнаа извлекувањата на преостанатите 288 двеодоливи награди. Учеството е едноставно, се што треба да се направи е да се купи некој од промотивните производи, да се испрати бројот и времето кое е означено на фискалната сметка на која се наоѓа најмалку еден од производите што учествуваат во наградната игра, заедно со име, презиме и телефонски број преку бесплатна порака на јавниот Вибер профил на организаторот, компанијата Витаминка.

Во наградната игра учествуваат Чоко Стоби Флипс (кафен) од 30, 60 и 80 грама, Чоко Стоби Флипс (бел) од 30 и од 80 грама, Чоко Стоби Флипс (кокос) од 30 грама и Чоко Стоби Флипс (без шеќер) од 30 грама.

Со испраќањето на фискалната сметка, учесниците учествуваат за некоја од двеодоливите награди за тековната недела, но и за главната месечна награда. За втората месечна награда учествуваат сите фискални сметки испратени од шестата до деветтата недела.

„Двеодоливата Чоко Стоби Флипс“ наградна игра се спроведува на целата територија на државата, а право на учество имаат сите полнолетни физички лица, кои ги исполнуваат условите и кои ќе купат најмалку еден од производите опфатени со наградната игра и ќе го внесат и испратат бројот и времето кое е означено на фискалната сметка преку официјалниот Вибер профил на компанијата. На јавниот профил на компанијата Витаминка на Вибер може да се пристапи преку отворање на линкот https://chats.viber.com/vitaminkachatbot/

Добитниците на награди во наградната игра ќе бидат извлечени по компјутерски пат, преку софтвер, користејќи алгоритам за случаен избор, без влијание на човечки фактор.

За времетраењето на наградната игра се достапни и нови Чоко Стоби Флипс вибер стикери кои може да се преземат на линкот https://bit.ly/2Jkl0l1

Дополнителни и подетални информации за учеството во наградната игра, може да се добијат преку електронска порака на e-mail адресата: [email protected] или на интернет страната на Витаминка: www.vitaminka.com.mk/dveodolivanagradnaigra.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.