Додека македонските пензионери се борат да добијат линеарно покачување од 3.500 денари со кое и натаму најголем дел од нив едвај ќе преживуваат, највозрасните граѓани од Србија ќе добијат покачување на примањата од дури 55%.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави историско зголемување на пензиите веќе од октомври, а освен тоа најави и низа поволности преку т.н. пензионерски картички.
„Само би ги замолил пензионерите да земат пензионерски картички, има многу попусти, многу ќе им значи со сите поскапувања. Правиме многу за да им обезбедиме попусти во разни продавници“, изјави Вучиќ.
Во меѓувреме македонските пензионери кои со недели протестираат, за недела во Скопје, најавуваат нов голем собир на кој ќе ги повторат своите барања – линеарно покачување од 3.500 денари за сите.