Македонската фудбалска репрезентација оствари голема победа против Германија (1:2) во квалификациите за СП во Катар.
Целиот свет е воодушевен од играта и победата на нашата селекција, а за тоа говори и видеото од мексиканска телевизија, каде коментаторот буквално ,,зајде” после голот на Елмас.
Ахахааа зајде братот??? pic.twitter.com/rFQnr0HsRw
— СироМашкиот (@MaskiotSiro) March 31, 2021
Сепак, додека сите се воодушевуваме на ова видео и жарот на спортскиот коментатор, да се потсетиме дека дома Македонија ја гледаме на српски и хрватски телевизии, а нема директен пренос на државниот сервис на македонски јазик.
Ах, како ли само фали ТОНИ СТОЈАНОВСКИ!
Сепак, од дното на душата му благодариме на коментаторот од “Спорт клуб” кој за сите 90 минути не’ нарекуваше Македонија, Македонци… и со сигурност навиваше за нас.