ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ: Овие апликации го успоруваат телефонот и ја трошат батеријата

Компанијата која се занимава со антивирусен софтвер АВГ Тецхнологиес, објави листа на апликации кои имаат негативно влијание врз функционирањето на вашиот смартфон. Станува збор за апликации кои ви ја исцрпуваат батеријата, ја трошат меморијата и интернетот.

mobile-device-apps

Компанијата ги анализирала податоците добиени од милион корисници, а на самиот врв од листата се наоѓа апликацијата Спортифај Мјузик. И додека оваа апликација кога е активна може многу да го успори телефонот, се чини дека Фејсбук може да го направи истото и кога апликацијата е исклучена.

Истиот момент кога ќе го уклучите телефонот, Фејсбук апликацијата почнува да ја успорува неговата работа.

Кога се во прашање апликациите кои го трошат интернетот, Тумблр е дефинитивно лидер, а веднаш за него се наоѓаат Снепчет, Нетфликс и Спортифај.

Апликации кои влијаат врз целокупната работа на уредот:
1. Спортифај Мјузик
2. Амазон Киндл
3. Лајн
4. Самсунг Вач Он
5. Снапчет

spa1-copy-1

Апликации кои трошат најмногу интернет:

1.Тумблр
2. Снепчет
3. ББЦ Њуз
4. Нетфликс
5. Спортифај Мјузик

Апликации кои заземаат интерна меморија:

1. Спортифај Мјузик
2. Гугл Хром
3. Лајн камера
4. Амазон киндл
5. Саунд Клауд

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.