Добива ли метла и прилепскиот градоначалник? Што е причината? Градот вратен еден век назад?

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека лично ќе застане зад кандидатурите на неколку актуелни градоначалници на локалните избори што треба да се одржат наесен.

СДСМ, кажа тој одговарајќи на новинарско прашање, ќе излезе со најдобрите можни кандидати.

-Лично јас имам свои ставови. Она што можам да кажам во моментот е лично како претседател на СДСМ ќе застанам зад неколку кандидати заради тоа што имам свој личен впечаток, што не значи дека ќе биде и конечна одлука бидејќи имаме јасни и статутарни определби како се прави тоа, рече Заев.

Исклучително задоволен, како што потенцираше, бил од работата на градоначалниците на Валандово, Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, од новиот градоначалник на Штип, на Старо Нагоричане, Крушево, Маврово Ростуше…

– И сигурно има и други општини. Но, тоа е само мој личен став. Ова го кажувам за да ги охрабрам да продолжат успешно да работат, но и да испратам порака до сите други да си ги завршат своите програмски ветувања кои им се дадени, рече премиерот и лидер на СДСМ Заев.

Тој исто така рече дека постапките за селекција и избор на кандидати за локалните избори во СДСМ ќе се одвиваат во мај и јуни и оти тогаш конечните одлуки ќе ги носат органите на партијата, за оние кандидати што ќе бидат од СДСМ.

Заев потенцираше дека крајната одлука сепак ја имаат граѓаните на изборите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.