Добpo што лyѓe ќе бeвмe? (Фото)

Непознати сторители комплетно го уништиле еден од двата летниковци на ридот Маркови Кули кои беа изградени како дел од проектот „Маркови Кули – Заштита и делување“, вреден 100.000 долари, а кој го имплементираше УНДП, со средства од ЕУ.

Освен летниковците на Маркови Кули со овој проект се поставија и неколку клупи, се осветли дел од ридот, се рехабилитираше постоечкиот пат, а кај карпата Слон ќе биде поставена Инфо точка, како и камери за видео надзор.

Од Општина Прилеп и ЈНУ „Институт за старословенска култура – Прилеп“, како реализатори на овој проект овој вандалски чин е пријавен во полиција. Се апелира до сите граѓани и посетители кои имаат сознанија и информации за сторителите, да ги пријават во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.