Заврши седумнаесеттото издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пивофест 2019”, за гостите и прилепчани ова ќе биде запомнет како најслабиот досега, а според Општината, градоначалникот и организаторите секоја вечер имало помеѓу 35 – 40.000 посетители.
Помеѓу најзвучните имиња оваа година беа балканските ѕвезди Светлана Цеца Ражнатовиќ и Даниела Мартиновиќ.
Она што забележаа денеска фановите на пејачките е тоа дека тие намерно или не, немаат поставено ниту една фотографија од нивните настапи на фестивалот.
Иако тоа е нешто што најмалку можат да го направат и на некој начин да ги оправдаат дебелите хонорари кои ги добиваат, “ѕвездите” на “Пивофест” не ги почестија своите фанови со дел од фестивалската атмосфера.
Ги проверивме профилите на пејачките на Фејсбук и Инстаграм и навистина, Цеца и Даниела не посветиле ниту грам внимание на своите фанови кои во еден глас пееа со нив во Прилеп.
Мартиновиќ на Фејсбук ја следат 184.000 фанови, а на Инстаграм 47.000, додека пак Цеца на Инстаграм има 764.000 фанови, а на Фејсбук бројката е над милион.
Една објава не кошта ништо, но со сигурност ќе придонесеше за афирмирање на фестивалот и Прилеп надвор од нашите граници.
Веројатно тоа не го заслуживме, или можеби хонорарите за пејачките биле “ниски”…..