Доаѓа најважниот дел од сезоната за прилепчани: Борбата за повисок ранг Мега баскет ја започнува против Младинец

По одигрувањето на 18. и последно коло, познати се и осумте екипи од Третата лига кои ќе се борат за двете места во Втората лига за натпреварувачката сезона 2022/2023.

А важната победа над Маџари ГБ, го стави тимот на Младинец на 4. место на табелата, кое за противник во првиот круг од разигрувањето, им го носи најдобриот од групата „Б“, прилепски Мега баскет.

Прилепчани имаат само еден пораз во 14. одиграни натпревари, зад нив е Тетекс ТТК, кој за противник во четвртфиналната серија ја има Струмица.

Место во доигрувањето од групата „Б“, има и за екипите на Гостивар-2 односно Спарта.

Разигрувањето за двете места кои водат во повисок ранг на натпреварување – Втората лига, стартува на 22. април. Предност на домашен терен во серијата „подобар во три натпревари“, која ќе се игра и на 26. април, и ако биде потребно на 29. април, имаат подоброрангираните екипи во регуларниот дел.

ТАБЕЛА А ГРУПА: Феникс баскет* 34, Маџари ГБ* 33, Струмица 30*, Младинец* 30, МКК Вардар 29, Баскет Дино 28, Пробаскет 22, Овче Поле 22, Спорт тим 21, Ролинг 08 19;

ТАБЕЛА Б ГРУПА: Мега Баскет* 27, Тетекс ТТК* 25, Гостивар-2* 23, Спарта* 21, ИБА Баскет 19, Хераклеа 19, Дибра Иглс 19, Љуботен 14;

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Феникс баскет – Спарта / Маџари ГБ – Гостивар-2

Мега баскет – Младинец / Тетекс ТТК – Струмица




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.