Се гледа крајот на исклучително студеното време. Со завршувањето на оваа недела конечно ќе почнеме да се одмрзнуваме. Не во буквална смисла на зборот бидејќи и во текот на наредната недела максималните температури ќе бидат во негатива, но сепак, студот ќе попушти.
„Најтопло“ ќе биде во сабота кога максимумот ќе отиде до 4 степени заедно со врнежи од дожд а на повисоките места снег.
Од идната недела, температурите ќе се качуваат до минус 1 а минималните нема да одат под минус 9.
Во последната недела од јануари, дневните температури ќе биде постојано во позитива а минималните утрински температури нема да одат под минус 4.
Поинтензивни врнежи од снег не се очекуваат.