До каде се границите на човекот: Сара го преплива “Ла манш” четири пати по ред, а има преживеано pak

Американката Сара Томас (37) стана првата личност која го преплива Ламанш кој го одвојува островот Велика Британија од северна Франција, четири пати без престан.

Пред една година, Сара имала рак на дојката, а нејзиниот третман завршил во 2018-та. Таа решила да го посвети овој подвиг на сите останати кои ја добиле битката со pakoт.

Претходно, само четворица луѓе го имаат поминато каналот три пати по ред, но Сара е првата личност што го направила тоа четири пати.

Дури и самата била изненадена од нејзиниот успех:

-Не ми се верува дека успеав. Премногу сум вкочанета. Имаше многу луѓе на плажата кои сакаа да ме сретнат и да ми честитаат и тоа беше многу добро од нив, но воглавно се чувствувам вкочането. Навистина сум уморна сега.“

Според Сара, најголемиот предизвик во овој подвиг било справувањето со солената вода која ѝ го сушела грлото. Истовремено, морала да се бори и со силните струи, но и со многуте медузи.

-Мојот тим заврши одлична работа помагајќи ми и одржувајќи ми ја силата.

Последното враќање од Франција ѝ било најтешко и на Сара ѝ се чинело дека трае цела вечност.

Како сето ова да не е доволно, наместо планираните 129 километри, Сара испливала дури 209. Причината била плимата.

Официјалниот набљудувач на настанот, Кевин Марфи, изјавил дека овој подвиг е апсолутно инспиративен.

-Ова е неверојатно, апсолутно инспиративно. На крајот сите бевме емотивни.

За време на пливањето Сара консумирала само протеински пијалак со електролити и кофеин. Откако завршила со пливањето, Сара заслужено прославила со шампањ и чоколадо.

Сара има и претходно искуство со вакви подвизи. Прв пат го препливала Ламанш во 2012-та година, а потоа повторно во 2016-та. Ова, очигледно не било доволно за неа.

Во август 2017-та година, Сара испливала 167 километри во езерото Шамплејн, но набрзо потоа била дијагностицирана со рак.

Извор: “Pепублика.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.