ДО КАДЕ ДОЈДОВМЕ: Ќе му ја одземат пензијата оти добил 439 денари на спортска?

Илаз Малиќи од селото Черкезе ризикува да ја изгуби социјалната пензија затоа што добил 439 денари во обложувалвица. Во центарот за социјална работа во Куманово му било кажано дека му се ризикува пензијата бидејќи гореспоменатите приходи ги имал на неговата банкарска сметка.

Илаз за новинската агенција ИНА изјави дека државата не ги гони оние кои украле милиони, туку ги загрозува социјалните случаи, нас кои се бориме да преживееме и да обезбедиме парче леб.

Тој наведува и други случаи кога неговите пријатели добиле подароци од телефонски компании и биле принудени да ги вратат парите.

Извор: “ina-online.net”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.