До каде дојдовме? Најстарата црква во Прилеп се прикажува како бугарска

На Фејсбук страната “Македонски Бугари” (Macedonian Bulgarians / Македонски Българи) oбјавена е најстарата црква во Прилеп, Св. Благовештение или Стара црква, за која пишува дека е била дел од бугарското културно наследство.

Црквата е изградена од познатите прилепски мајстори Коста Лауцо и Ристе Тасламиче во 1838 година, но според оваа објава тие биле Бугари прилепчани, иако тогаш немало бугарска држава, односно Бугарија својата независност од Османлиската империја ја прогласила дури во 1908 година, а бугарското кнежество датира од 1878 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.